top of page

Регионален натпревар по македонски јазик

На Регионалниот натпревар по македонски јазик, одржан на ден 13.04.2024 во ООУ „Страшо Пинџур“- Неготино, земаа учество шест ученици од нашето училиште:

IX одд. Димитар Чоков- ментор Елена Гуновска;

VIII одд. Мила Најдовска и Мила Коцевска – ментор Трајанка Стумбова;

VII одд. Јована Андреева и Мила Арсовска – ментор Трајанка Стумбова;

VI одд. Горјан Лазевски – ментор Трајанка Стумбова.

Учениците Мила Коцевска, Јована Андреева, Мила Арсовска и Горјан Лазевски, под менторство на наставничката Трајанка Стумбова, освоија III место и се пласираа на државен натпревар.

404432058_777377830775913_6282328595686750068_n.jpg

Наградени ученици на Регионален натпревар по Природни науки

IV одделение

1. Мартин Здравковски- II награда. Ментор: Анита Ѓошева;

2. Љубчо Стојанов- III награда. Ментор: Биљана Димовска Стојкова;

3. Мила Јанкуловска- III награда. Ментор: Марјана Самарџиева;

4. Марио Михајлов- III награда. Ментор: Анита Ѓошева

5. Лилија Ќуринова- III награда. Ментор: Анита Ѓошева;

6. Сара Тодороска- III награда. Ментор: Марјана Самарџиева;

7. Стефан Стојанов- III награда. Ментор: Анита Ѓошева.

8. Мила Јованова- III награда. Ментор: Виолета Гемишова;

9. Баже Петкоски- III награда. Ментор: Анита Ѓошева;

10. Теодора Димовска- III награда. Ментор: Анита Ѓошева;

11. Анастасија Делчева- III награда. Ментор: Виолета Гемишова.

12. Давид Петрушевски- III награда; Ментор: Анита Ѓошева.

13. Мила Ристовска- III награда. Ментор: Виолета Гемишова;

14. Ива Димчевска- III награда. Ментор: Марјана Самарџиева;

15. Александар Илиев -III награда. Ментор: Виолета Гемишова;

16. Стефан Трајков- III награда. Ментор: Виолета Гемишова;

17. Кристијан Банѓиев -III награда. Ментор: Биљана Димовска Стојкова;

18. Марија Мачавеловски- III награда. Ментор: Марјана Самарџиева;

19. Ана Ѓорѓиева- Пофалница. Ментор: Виолета Гемишова;

20. Антонио Пановски- Пофалница. Ментор: Биљана Димовска Стојкова;

21. Манче Петровски- Пофалница. Ментор: Виолета Гемишова;

22. Николче Леов- Пофалница. Ментор:Виолета Гемишова;

23. Елена Иванова - Пофалница. Ментор: Марјана Самарџиева;

24. Кристијан Милојевиќ- Пофалница. Ментор: Биљана Димовска Стојкова;

25. Димитар Андреев - Учество. Ментор: Биљана Димовска Стојкова.

V одделение

1. Софија Лазаровска- II награда. Ментор: Анита Коцевска;

2. Стефан Бабунски- II награда. Ментор: Македонка Грков;

3. Ева Левкова- II награда. Ментор: Анита Коцевска;

4. Искра Ивановска- II награда. Ментор: Методија Бузалковски;

5. Михаела Андреева- II награда. Ментор: Македонка Грков;

6. Дариан Попанов- III награда. Ментор: Методија Бузалковски;

7. Михаела Јанковска- III награда. Ментор: Методија Бузалковски;

8. Драгана Илиевска- III награда. Ментор: Анита Коцевска;

9. Каја Тевчева- III награда. Ментор: Македонка Грков;

10. Ивана Пановска- III награда. Ментор: Методија Бузалковски;

11. Марија Арсовска- III награда. Ментор: Македонка Грков;

12. Лина Пановски- Пофалница. Ментор: Македонка Грков;

13. Петар Димов- Пофалница. Ментор: Анита Коцевска;

14. Христина Димовска- Пофалница. Ментор: Методија Бузалковски;

15. Стефан Пендевски- Пофалница. Ментор: Македонка Грков;

16. Леона Кочкарова- Пофалница. Ментор: Анита Коцевска;

17. Ристе Кочкаров- Пофалница. Ментор: Анита Коцевска;

18. Бојана Страхилова- Учество. Ментор: Анита Коцевска;

19. Памела Стојановска- Учество. Ментор: Методија Бузалковски;

20. Благојче Додов- Учество. Ментор: Методија Бузалковски;

VI одделение

1. Димитар Витев- III награда. Ментор: Катерина Најдов;

2. Лела Ѓурчинова- III награда. Ментор: Катерина Најдов;

3. Матеа Христова- III награда. Ментор: Катерина Најдов;

4. Калина Јовановска- III награда. Ментор: Катерина Најдов;

5. Горјан Лазевски- III награда. Ментор: Снежана Мартинова;

6. Даријан Каначковиќ- III награда. Ментор: Катерина Најдов;

7. Матеј Мирчевски- III награда. Ментор: Снежана Мартинова;

8. Андреј Крстевски- III награда. Ментор: Катерина Најдов.

„Ден на Командата за обука и докторини“

Денес, учениците од I-6 и VII-4 одд. беа гости во касарната "Алексо Демниевски - Бауман" на отворениот ден по повод одбележувањето на "Денот на Командата за обука и доктрини". Како дел од програмата за соработка со родителите, им благодариме на родителите кои ни укажаа чест со поканата и гостопримството.

Ликовен конкурс

КИНОЛОШКИ КЛУБ „МАКЕДОНСКИ ПАНИЧАР“, по повод организирањето на „Втора државна изложба за расата македонски паничар“, организираше ликовен конкурс за ученици од основно образование на тема „Македонскиот паничар– чувар на семејната среќа“. Честитки за нашите уметници под менторство на наставничката Снежана Стефановска за освоените награди според категории

По повод Патрониот празник на ООУ „Стојан Бурчевски – Буридан“ од с. Иванковци се организираа различни конкурси и натпревари на кој учество замаа нашите ученици.

Литературен конкурс

Прва награда - Бонита Шолева, ментор: Бојанка Џипунова Ташова

Прва награда - Михаела Ангелова, ментор: Билјана Лепидовска

Втора награда - Вања Крстовска, ментор: Каролина Попова

Трета награда -Ива Тодовска, ментор: Каролина Попова

Ликовни творби

Трета награда - Лазар Сарагиновски, ментор: Гордана Михајловска

Втора награда - Вероника Талевска, ментор: Снежана Стефановска

Трета награда - Мери Соколова, ментор: Снежана Стефановска

Категорија 3Д илузија:

Прва награда - Јована Ордева, ментор: Александра Цветкова

Втора награда - Јана Евтимова, ментор: Славица Марковска

Турнир во шах:

Прва награда - Марко Зафиров, ментор: Катерина Стојкова

Прва награда - Андреј Богдановски, ментор: Весна Николова

Втора награда - Марко Пановски, ментор: Катерина Стојкова

ЕКО активности во нашето училиште!

Во изминатиот период во нашето училиште беа реализирани неколку ЕКО акции.

Според ЕКО календарот периодот од 21 до 28 март претставува „Денови на пролетта-денови на екологијата“. Нашите ученици Марија и Мелани, од VII-2 одд. на 25.03.2024 година имаа презентација „Денови на пролетта- денови на екологијата“ кај нивните соученици од V одделение.

Презентацијата беше проследена со интерес, а учениците земаа дел во дискусијата што следеше по тоа.

Во Подрачното училиште во с.Раштани, по повод „Денови на пролетта- денови на екологијата“ на 22.03.2024 год. се организираше ЕКО акција за расчистување на училишниот двор, каде учествуваа учениците од Подрачното училиште, под менторство на наставничката Мариела Пановска.

На овогодинешната Априлијада учениците од IV-2 одд. под менторство на наставничката Виолета Гемишова беа наградени за најдобра групна ЕКО- маска.

По повод 7ми април- Светски ден здравјето, на 09.04.2024 год. во нашето училиште организиравме ЕКО акција на мерење крвен притисок. Во оваа акција учествува ученици од VI и VII одделение.

Новинарска работилница со новинарката Катерина Топалова

Денес со дел од членовите на медиумскиот клуб ,,Училиштен глас" и координаторот на клубот, наставничката по македонски јазик Каролина Попова, новинарска работилница одржа професионалната новинарка Катерина Топалова вработена во националната Македонската телевизија МРТВ со поддршка од Македонскиот институт за медиуми МИМ. На работилницата учениците развива вештини за препознавање на лажни вести и фотографии, која вест би го заинтересирала читателот или гледачот и техники за јасно говорење.

Несекојдневно искуство за кое и благодариме!

Натпревари по одбојка

На ден 03.04.2024 (среда) во организација на сојуз на училишен спорт Велес, се одиграа натпревари по одбојка за девојки VI и VII одделение во спортската сала на СОУ Гимназија ,,Кочо Рацин" - Велес. Учество земаа училишните екипи: ООУ ,,Васил Главинов", ООУ ,,Блаже Конески", и ООУ ,,Кирил и Методиј".

Нашата училишна екипа со максимални 3 победи го освои првото место.

Ментор Милан Радевски.

Регионален натпревар по математика

Резултати од Регионалниот натпревар по МАТЕМАТИКА одржан на 2.3.2024г во ООУ ,,Методи Митевски -Брицо"-Лозово.
На овој натпревар нашите ученици ги постигнаа следниве резултати:

ПРВА НАГРАДА за Сара Тодороска IV одд. (ментор Марјана Самарџиева);

ПОФАЛНИЦА за Елена Иванова IV одд. (ментор Марјана Самарџиева);

ПОФАЛНИЦА за Стефан Трајков IV одд. (ментор Виолета Гемишова);

ВТОРА НАГРАДА за Елена Стојковиќ V одд. (ментор Сузанка Палитовска);

ПОФАЛНИЦА за Софија Лазаровска V одд. (ментор Елена Клемова);

ПОФАЛНИЦА за Михаела Андреева V одд. (ментор Сузанка Палитовска);

ВТОРА НАГРАДА за Анастасија Саздова VI одд. (ментор Билјана Тодороска);

ВТОРА НАГРАДА за Ана Пренџова VI одд. (ментор Билјана Тодороска);

Честитки за наградените ученици и за сите кои учествуваа на натпреварот како и на нивните ментори.

Посета на локалната библиотека „Гоце Делчев“

По повод 2 Април - Светскиот ден на литературата за деца, Локалната библиотка „Гоце Делчев" беше посетена од учениците од второ одделение од ООУ „Васил Главинов“. Учениците се запознаа со работата во библиотеката и начинот на позајмување на книги. Од страна на вработените им беше презентирана литературата за деца со која располага библиотеката, а учениците учествуваа и во квиз за бајките.

Регионален натпревар по биологија

На 29.03.2024 г. се одржа регионален натпревар по Биологија за VII, VIII и IX одделение организиран од Македонско биолошко друштво-Скопје. Учениците ги постигнаа следните резултати:

IX одд.

Костадин Клемов I награда, ментор Персида Спасевска;

Кристијан Димовски I награда, ментор Персида Спасевска;

Андреј Бошковски II награда, ментор Персида Спасевска;

Димитар Кузманов II награда ментор, Персида Спасевска;

Ева Анѓеловска II награда, ментор Персида Спасевска;

Михаил Перчинковски II награда, ментор Персида Спасевска;

Јована Аспорова III награда, ментор Персида Спасевска;

Димитар Чоков III награда, ментор Персида Спасевска.

VIII одд.

Даниела Теова III награда, ментор Снежана Мартинова;

Изабела Димков учество, ментор Снежана Мартинова.

VII одд.

Ива Илиев I награда, ментор Персида Спасевска;

Емилија Босилкова II награда, ментор Персида Спасевска;

Мила Арсовска II награда, ментор Анита Коцевска;

Дориа Гиовски III награда, ментор Персида Спасевска;

Вероника Талевска III награда, ментор Персида Спасевска;

Теодора Циунова III награда, ментор Персида Спасевска;

Мелани Андовска III награда, ментор Анита Коцевска;

Матеј Димитров пофалница, ментор Персида Спасевска;

Tифани Михајловска пофалница, ментор Персида Спасевска;

Стефани Штипјанова пофалница, ментор Анита Коцевска;

Ивана Наковска пофалница, ментор Анита Коцевска;

Горазд Јордановски учество, ментор Персида Спасевска;

Јована Темелковска учество, ментор Анита Коцевска;

Симона Павлов учество, ментор Персида Спасевска.

На учениците Костадин Клемов, Кристијан Димовски, Андреј Бошковски, Димитар Кузманов, Ева Анѓеловска, Михаил Перчинковски од IX одделение и Ива Илиев, Емилија Босилкова, Мила Арсовска од VII одделение кои продолжуваат на државен натпревар им посакуваме многу успех.

„Светски ден за подигнување на свесноста за аутизмот“

По повод 2- ри Април, Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот, специјалните едукатори Тања Индова и Сања Ѓорѓиевска, заедно со учениците од 4-6 одделение, одделенскиот раководител Мирјана Танчева и образовниот асистент Ана Трајкова, реализираа едукативно - инклузивна работилница.

„Детски мечти“

Денес во Медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, Велес во соработка со Клубот на писатели ,,Коста Солев Рацин", беше промовирана книгата „Детски мечти“ од велешката авторка Лила Арсова.

Промоторот на книгата проф. д-р Васил Тоциновски даде критички осврт кон содржината на книгата, топло ја препорача на детските читатели и и посака на авторката понатамошни успеси во идните нејзини творештва.

Детските емоции силно се чувствуваа од настапот на учениците од четврто одделение од ООУ „Блаже Конески“ - Велес, под менторство на Лидија Атанасовска и Орданка Крстевска, кои имаа драмска изведба на расказите од текстите „Црвената роза и Бубамарата бела.

Ученици од петто одделени од ООУ „Васил Главинов“-Велес под менторство на Елена Клемова пак одиграа драматизиран текст од расказот “Танцот на пеперутките“.

Промоцијата беше проследена од многубројна публика од ученици и граѓани, кои со внимание ги проследија драмските настапи и музичко-сценскиот настап на Бубе Лазов и беа воодушевени од оваа несекојдневна промоција.

Априлијада

Најшарена и највесела Априлијада во Велес на која учествуваа градинките и основните училишта од нашиот град. Денес во Младински парк, меѓу илјадници деца, продефилираа и учениците од I-6 одд, II-4 одд. II-6 одд. IV-2 одд. IV-3 одд. и V-4 одд. Учениците од IV-2 одд. под менторство на наставничката Виолета Гемишова беа наградени за најдобра групна ЕКО- маска.

Математички натпревар

По повод Меѓународниот ден на математиката, ПИ- ДЕН, Сојузот на математичари, организираше натпревар во кој се вклучија и најмалите математичари од прво одделение и ги постигнаа сл. резултати:

Михаела Мартинов- I-4 одд - III место;

Андреј Наумов- I-4 одд - VI место;

Јосиф Николовски- I-4 одд.- VII место;

Натан Иванов - I-4 одд.- IX место.

Ментор: Славица Левкова.

Оливер Тодоров- I-6 одд.- IV место;

Ангела Ефтовска- I-6 одд.- IV место;

Теодора Стојкова - I-6 одд.- VI место.

Ментори:

Емилија Несторова

Лиљана Темелкова.

Со цел јакнење на соработката со родителите на учениците од нашето училиште, денес учениците од прво одделение имаа задоволство да уживаат во звуците на виолините слушајќи ја изведбата на ,,Четири годишни времиња" од А.Вивалди во изведба на наш родител Елена Ѓоргиевска наставник по виолина во ООМУ ,,Стефан Гајдов" заедно со нејзините ученици. Благодарност до Елена Ѓорѓиевска за убавите звуци со желба за понатамошна соработка.

Државен рецитаторски натпревар

Денес во Скопје се одржа државниот рецитаторски натпревар во организација на Сојуз на друштвата за македонски јазик и литература на кој учествуваше нашата ученичка Даниела Теова под менторство на наставничката Каролина Попова. И оваа година едно од првите три места. Во огромна конкуренција го освои високото ТРЕТО место.

Активности по повод 22 Март- Светскиот ден на водата

Денес е Светски ден на водата. Овојпат активностите во I-6 одд. во престој ги посветивме на нејзината величественост. Ја работевме приказната ,,Патот на Капчица". Водата не ни служи само за пиење и за одржување лична хигиена, таа е и живеалиште. Изработивме пано со морски свет од оригами. Пишувавме еко-пораки за водата и направивме белегзии со Капчица.

Одбележување на 21 Март- Светскиот ден на поезијата

Со лични творби се претставија ученици од шесто и осмо одделение и ја покажаа својата љубов кон пишаниот збор. Поезијата ја потврдува заедничка човечност откривајќи ни дека многу поединци, насекаде во светот, делат исти прашања и чувства.Нека срцето и душата бидат исполнети со пролет и поезија!

Наставници реализатори: Каролина Попова и Бојанка Џипунова Ташова

Нашето работно искуство како воспитно-образовен субјект е доказ дека заедничките заложби, ангажмани, посветеност и кариерен развој, ООУ „Васил Главинов“ го водат кон сѐ поголема афирмација.

Го прославивме Патрониот празник онака како што заслужува и доликува на едно современо училиште.

Денес 20.03.2024 (среда), ученичките од IV-5 одд. при ООУ ,,Васил Главинов"-Велес заедно со ученичките од ООУ ,,Кирил и Методиј"-Велес со своите наставници по ФЗО Жарко Климкаров и Снежана Каракачанова го реализираа натпревар по повод Патрониот празник на нашето училиште.

На ден 18.03.2024 по повод патрониот празник на нашето училиште, се одиграа натпревари по одбојка во спортска сала Гемиџии. Благодарност за учеството на училишните екипи од : ООУ ,,Блаже Конески", ООУ ,,Кирил и Методиј" ССОУ ,,Коле Неделковски”. Натпреварите се одиграа во пријателска атмосфера каде што сите екипи одиграа на високо ниво.

Со почит и поклон на бистата на нашиот патрон Васил Главинов, во чест на неговиот живот и дело.

Наградени ученици на распишан литературен и ликовен конкурс по повод нашиот патронен празник

Денес, 14 март, во целиот свет се слави Меѓународниот ден на математиката. Во нашето училиште, со група ученици го одбележавме ПИ денот преку истражување и работилница прилагодена за возраста на учениците.

Ментор: Билјана Тодороска.

Европски квиз на парите

Денес во нашето училиште се одржа националниот избор за Европскиот квиз на парите. Истиот беше во организација на Македонската Банкарска Асоцијација во соработка со Народната банка на Република Македонија и Комисијата за хартија од вредност на Република Македонија. Во него земаа учество ученици од 9 одделение кои се натпреваруваа по тимови.

Општински натпревар по природни науки

На Општинскиот натпревар по природни науки, одржан на 23.02.2024год. ученици од нашето училиште ги освоија следниве награди и признанија:

1. Александар Илиев II награда; 

Ментор: Виолета Гемишова.

2. Лилија Ќуринова II награда; 

Ментор: Анита Ѓошева.

3. Елена Иванова II награда;

Ментор: Марјана Самарџиева.

4. Манче Петровски III награда;

Ментор: Виолета Гемишова.

5. Мила Јанкуловска III награда,

Ментор: Марјана Самарџиева.

6. Марио Михајлов III награда;

Ментор: Анита Ѓошева.

7. Ана Ѓорѓиева III награда;

Ментор: Виолета Гемишова.

8. Марија Мачавеловски III награда;

Ментор: Марјана Самарџиева.

9. Сара Тодороска III награда;

Ментор: Марјана Самарџиева.

10. Давид Петрушевски III награда;

Ментор: Анита Ѓошева.

11. Кристијан Банѓиев III награда;

Ментор: Биљана Димовска Стојкова.

12. Теодора Димовска III награда;

Ментор: Анита Ѓошева.

13. Кристијан Милојевиќ III награда;

Ментор: Биљана Димовска Стојкова.

14. Љубчо Стојанов III награда;

Ментор: Биљана Димовска Стојкова.

15. Мартин Здравковски III награда;

Ментор: Анита Ѓошева.

16. Стефан Стојанов III награда;

Ментор: Анита Ѓошева.

17. Баже Петкоски III награда;

Ментор: Анита Ѓошева.

18. Мила Ристовска III награда;

Ментор: Виолета Гемишова.

19. Стефан Трајков III награда;

Ментор: Виолета Гемишова.

20. Антонио Пановски III награда;

Ментор: Биљана Димовска Стојкова.

21. Димитар Андреев III награда;

Ментор: Биљана Димовска Стојкова.

22. Анастасија Делчева III награда;

Ментор: Виолета Гемишова.

23. Николче Леов III награда;

Ментор: Виолета Гемишова.

24. Ива Димчевска Пофалница;

Ментор: Марјана Самарџиева.

25. Мила Јованова Пофалница;

Ментор: Виолета Гемишова.

26. Мила Каров- учество;

Ментор: Анита Ѓошева.

27. Сумејја Ализотова- учество;

Ментор: Виолета Гемишова.

28. Вероника Симоновска- учество

Ментор: Анита Ѓошева.

29. Афра Селими- учество;

Ментор: Виолета Гемишова.

30. Михаела Арсовска- учество

Ментор: Виолета Гемишова;

31. Леона Јаневска- учество;

Ментор: Виолета Гемишова.

V одделение

1. Михаела Андреева- I награда;

Ментор: Македонка Грков.

2. Софија Лазаровска- II награда;

Ментор: Анита Коцевска.

3. Ивана Пановска- II награда;

Ментор: Методија Бузалковски.

4. Ева Левкова - II награда;

Ментор: Анита Коцевска.

5. Искра Ивановска - II награда;

Ментор: Методија Бузалковски.

6. Леона Кочкарова - II награда;

Ментор: Анита Коцевска.

7. Стефан Бабунски - II награда;

Ментор: Македонка Грков.

8. Каја Тевчева - III награда;

Ментор: Македонка Грков.

9. Михаела Јанковска - III награда;

Ментор: Методија Бузалковски.

10. Драгана Илиевска - III награда;

Ментор: Анита Коцевска.

11. Лина Пановски - III награда;

Ментор: Македонка Грков.

12. Стефан Пендевски - III награда;

Ментор: Македонка Грков.

13. Бојана Страхилова - III награда;

Ментор: Анита Коцевска.

14. Дариан Попанов - III награда;

Ментор: Методија Бузалковски.

15. Ристе Кочкаров – III награда;

Ментор: Анита Коцевска.

16. Петар Димов - III награда;

Ментор: Анита Коцевска.

17. Марија Арсовска - Пофалница;

Ментор: Македонка Грков.

18. Благојче Додов - Пофалница;

Ментор: Методија Бузалковски.

19. Памела Стојановска - Пофалница;

Ментор: Методија Бузалковски.

20. Христина Димовска - Пофалница;

Ментор: Методија Бузалковски.

21. Ива Блинџова -учество;

Ментор: Македонка Грков.

22. Ангела Ѓоргиева - учество;

Ментор: Методија Бузалковски.

23. Марија Лазарова - учество;

Ментор: Методија Бузалковски.

VI одделение

1. Димитар Витев - II награда;

Ментор: Катерина Најдов.

2. Калина Јовановска - II награда;

Ментор: Катерина Најдов.

3. Горјан Лазевски - II награда;

Ментор: Снежана Мартинова.

4. Лела Ѓурчинова - III награда;

Ментор: Катерина Најдов.

5. Матеа Христова - III награда;

Ментор: Катерина Најдов.

6. Даријан Каначковиќ - III награда;

Ментор: Катерина Најдов.

7. Андреј Крстевски - III награда;

Ментор: Катерина Најдов.

8. Матеј Мирчевски - III награда;

Ментор: Снежана Мартинова.

 

Општински натпревар по хемија

На Општинскиот натпревар по хемија, одржан на 23.02.2024год. ученици од нашето училиште ги освоија следниве награди и признанија:

IX одделение

1. Андреј Бошковски – I награда;

2. Кристијан Димовски– II награда;

3. Вероника Таневска- III награда;

4. Ева Анѓеловска– III награда;

5. Димитар Кузманов– III награда;

6. Јана Евтимова– пофалница;

7. Анамарија Стојановска- сертификат.

Ментор: Македонка Грков.

Општински натпревар по биологија

На 16.02.2024 г. се одржа општински натпревар по Биологија за VII, VIII и IX одделение, организиран од Македонско биолошко друштво-Скопје. Сите ученици од нашето училиште продолжуваат на регионален натпревар и ги постигнаа следните резултати:

IX одд. 

Андреј Андреј Бошковски I место и I награда- ментор Персида Спасевска;

Јована Аспорова I награда- ментор Персида Спасевска;

Костадин Клемов I награда- ментор Персида Спасевска;

Кристијан Димовски I награда- ментор Персида Спасевска;

Димитар Кузманов II награда- ментор Персида Спасевска;

Михаил Перчинковски II награда- ментор Персида Спасевска;

Димитар Чоков II награда- ментор Персида Спасевска;

Ева Анѓеловска II награда- ментор Персида Спасевска.

VIII одд

Изабела Димков III награда- ментор Снежана Мартинова;

Даниела Теова Пофалница- ментор Снежана Мартинова.

VII одд.

Ива Илиев II награда- ментор Персида Спасевска;

Емилија Босилкова II награда- ментор Персида Спасевска;

Горазд Јордановски II награда- ментор Персида Спасевска;

Матеј Димитров III награда- ментор Персида Спасевска;

Вероника Талевска III награда- ментор Персида Спасевска;

Теодора Циунова III награда- ментор Персида Спасевска;

Тифани Михајловска III награда- ментор Персида Спасевска;

Мелани Андовска III награда- ментор Анита Коцевска,

Мила Арсовска III награда- ментор Анита Коцевска;

Стефани Штипјанова пофалница- ментор Анита Коцевска;

Јована Темелковска пофалница- ментор Анита Коцевска;

Ивана Наковска пофалница- ментор Анита Коцевска;

Дориа Гиовски пофалница- ментор Персида Спасевска;

Симона Павлов пофалница- ментор Персида Спасевска.

 

„Семејството не е совршено, но е полно со љубов“

По повод Денот на училиштето, ООУ ,,Рајко Жинзифов", с.Горно Оризари објави литературен и ликовен конкурс на тема ,,Семејството не е совршено, но е полно со љубов". 

Од нашето училиште, наградени се следните ученици:

Литературен конкурс

- Бонита Шолева- VI одд.- прво место;

Ментор: Бојанка Џипунова Ташова.

Ликовен конкурс

- Дарија Трајкова- IX одд.- прво место;

Ментор: Снежана Стефановска.

- Каја Јордановска I-6 одд. Ментори: Емилија Несторова и Лиљана Темелкова.

Општински натпревар по физика

На 09.02.2024 година (петок) нашето училиште беше домаќин на општинскиот натпревар по физика на кој учествуваа ученици од основните училишта од Велес. 

Според официјалните резултати ова се учениците кои се пласират на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 06.04.2024 година:

1.Ана Митровска ООУ „Св. Кирил и Методиј“ ментор:Христина Цилакова.

2.Ивор Гелев ООУ „Блаже Конески“ ментор:Марјан Атанасовски.

3.Изабела Димкова OОУ „Васил Главинов“ ментор:Билјана Тодороска.

Недела на информатиката

Во периодот од 5-9 февруари во нашето училиште „ООУ Васил Главинов“- Велес, се реализираше Неделата на информатиката. Во рамки на неделата се одбележа и Денот за побезбеден Интернет на 6 февруари со ученици од VI и VII одделение. Други активности кои што беа реализирани оваа недела се:

Програмирање во Scratch – Анимирај го своето име, ученици од 6 одделение;

Работилница Барометар на чувства и kahoot квиз за Денот за побезбеден интернет, ученици од 6 и 7 одделение;

Escape Room „Кражба на податоци во сајбер просторот“, ученици од 6 и 7 одделение.

Учениците Наковски Благојче и Димитрија Слабев од 9 одделение, заедно со нивната наставничка по Информатика Милка Андонова ги организираа и менторираа реализираните активности.

Посета на нашиот медиумски клуб  „Училиштен глас“

Новинарката Ана Милевска Ѓеоргиева го сподели своето искуство како е да се биде новинар.

 На ден 08.02.2024 год. во посета на нашиот медиумски клуб „Училиштен глас“ беше новинарката Ана Милевска Ѓеоргиева . Ни претставува голема чест што со нас сподели информации за професијата новинар. Што значи да се биде новинар и предизвиците со кои се соочува секојдневно. И благодариме што одговори на нашите прашања со големо задоволство.

Интернационален ден за безбедност на Интернет

Денес е Интернационален ден за безбедност на Интернет. Учениците од I-6 одд. имаа работилница, на која се запознавме со правилното користење на Интернет, придобивките, но и начините на кои можеме да се заштитиме и да бидеме безбедни. 

Изработивме дрво со пораки и пароли за безбедност на Интернет.

Општински натпревар по математика

Денес во нашето училиште се организираше Општински натпревар по МАТЕМАТИКА на кој нашите ученици ги постигнаа следниве резултати:

ПРВА НАГРАДА за Сара Тодороска IV одд. (ментор Марјана Самарџиева);

ВТОРА НАГРАДА за Ѓорѓи Челев IV одд. (ментор Марјана Самарџиева);

ВТОРА НАГРАДА за Стефан Трајков IV одд. (ментор Виолета Гемишова);

ПОФАЛНИЦА за Елена Иванова IV одд. (ментор Марјана Самарџиева);

ВТОРА НАГРАДА за Елена Стојковиќ V одд. (ментор Сузанка Палитовска);

ТРЕТА НАГРАДА за Софија Лазаровска V одд. (ментор Елена Клемова);

ПОФАЛНИЦА за Бојана Тодоровска V одд. (ментор Елена Костова);

ПОФАЛНИЦА за Михаела Андреева V одд. (ментор Сузанка Палитовска);

ВТОРА НАГРАДА за Ана Пренџова VI одд. (ментор Билјана Тодороска);

ВТОРА НАГРАДА за Анастасија Саздова VI одд. (ментор Билјана Тодороска);

ТРЕТА НАГРАДА за Матеј Стојанов VI одд. (ментор Весна Здравковска);

ПОФАЛНИЦА за Борис Давчев VI одд. (ментор Весна Здравковска);

ПОФАЛНИЦА за Стефан Ефтимов VI одд. (ментор Весна Здравковска);

ТРЕТА НАГАДА за Ива Илиев VII одд. (ментор Кети Тодорова);

ПОФАЛНИЦА за Горазд Јордановски VII одд. (ментор Кети Тодорова);

ПОФАЛНИЦА за Јана Марковска VII одд. (ментор Александра Цветкова).

Честитки за наградените и за сите ученици кои учествуваа на натпреварот како и на нивните ментори. Им посакуваме уште поголеми успеси во понатамошните натпреварувања!

Џамбо !

Здраво

Подароците убави

од Африка пратени,

од новите другарчиња

со радост прифатени.

Слончиња, носорогчиња…

од афрички камен направени,

обоени, исшарани…

на I-4 подарени.

И учителско пенкалце

од Абаносово дрво,

учителката со него

петки да пишува во прво.

Благодариме другарчиња нови!

Благодариме Филип Иванов!

Најдобри спортисти и спортски екипи за 2023 година

Општина Велес во соработка со Сојузот на спортови на Велес ги додели годишните награди за најдобри спортисти и спортски екипи за 2023 година. Училишната екипа на нашето училиште беше прогласена за најдобра каде што нашите одбојкарки постигнаа најдобри резултати. Општински натпревари место, зонски натпревари место, натпревари по регион место, Државна Олимпијада место. Наставникот по ФЗО Милан Радевски ја доби наградата за најдобар спортски педагог во основни училишта во Општина Велес за 2023 година. Се надеваме дека идните генерации на одбојкарки ке ги достигнат овие резултати или ке остварат уште подобри.

Новогодишна хуманитарна работилница

Новогодишна хуманитарна работилница наменета за децата од сиропиталиштето во Кагома, централна Уганда. Учениците од I-4 заедно со своите родители и наставничката Славица Левкова се приклучија во Проектот M.A.D.O. (Macedonian-African Divine Organization). Подароците (слатки нешта, училишни ресурси и друштвени игри на 14 Јануари ќе патуваат во Кагома- Уганда.

,,И хартијата има вредност - Рециклирај за здрава иднина"

Вредните рачиња на нашите третоодделенци изминатава недела неуморно работеа на Новогодишната работилница, каде изработија голем број декоративни елементи. Насмеани очињата, светат со позитивна празнична енергија.
Новата година значи нов почеток.Ви посакуваме спокоен сон, ведра мисла, добро здравје и љубов од најблиските.

„Колку младите го препознаваат семејното насилство и родовото базирано насилство"

Во нашето училиште се одржа работилница на тема: „Колку младите го препознаваат семејното насилство и родовото базирано насилство" која ја проследија ученици од шесто и осмо одделение. Предавачи: психолог Анѓелина Димова Стојанова од Организација на жени и претставник од СВР Велес Билјана Ѓаковска- самостоен инспектор отсек –превенција при СВР Велес. Активноста ја спроведе Организација на жени Општина Велес и Комисијата за еднакви можности при Совет на Општина Велес.

Unlimited fun- Brisk competition

Учениците од I-6 одд. и наставничката Емилија Несторова, започнуваат нов eTwinning проект, со 12 наставници од Македонија и Турција.
Проектот насловен Unlimited fun- Cutthroat competition, започна сега и ќе трае до мај, 2024 година, а акцентот е ставен на традиционалните детски игри.
Цели:
- играње традиционални детски игри;
-развивање на мисловните способности кај учениците;
- насочување на учениците кон правилно организирање на слободното време;
- запознавање на учениците со традиционални игри од други држави.

,,Како го замислувам ликот на македонскиот револуционер и голем наш поет Кочо Рацин”

Сојузот на просветни работници објави ликовен конкурс,за учениците од I до III одделение, на тема: ,,Како го замислувам ликот на македонскиот револуционер и голем наш поет Кочо Рацин”. Наградени се учениците:
Прва награда-Андреј Стојанов II-1, ментор: Катерина Ѓорѓиева;
Втора награда- Антон Неделковски II-6, ментор: Даниела Бабуновска;
Трета награда- Софија Крстовска II-2, ментор: Христина Арилон;
Трета награда- Марта Ташева III-3, ментор: Сања Гуџова.

Новогодишна приредба
,,Нова година за сите"

Учениците од ученичките секции од петто одделение, под менторство на нивните наставнички, по повод доаѓањето на Новата година одржаа новогодишна приредба ,,Нова година за сите".

Со музика, смеа и забава, учениците на сите им посакаа :

,,Среќна Нова 2024 година!!!"

„Новогодишна желба-најубав детски сон“

Клубот на писатели Коста Солев Рацин и Локалната библиотека „Гоце Делчев“ распишаа литературен конкурс на тема :„Новогодишна желба-најубав детски сон“. Од одделенска настава Трето место за Софија Лазаровска V-1одделение, ментор: ЕленаКлемова.Од предметна настава Второ место за Даниела Теова VIII-4, ментор: Каролина Попова и Пофалница- Тале Мицелинов VII-2одд., ментор: Трајанка Стумбова. 

“Креирање и творење на дела од отпад од пакување”

На Меѓународниот ликовен конкурс на тема “Креирање и творење на дела од отпад од пакување” организиран од ДЕТСКИ ЛИКОВЕН ЦЕНТАР- СКОПЈЕ , Градско здружение на ликовни педагози, ученичката Јана Евтимова од IX 2 одд. освои 1 место за креативност, под менторство на наставничката Снежана Стефановска. Честитки и големо браво!

Ликовна работилница

Предновогодишна атмосфера од одржаната ликовна работилница по повод Денот на училиштето на ООУ “Блаже Конески” со учество на нашите ученици од VI 2 одд. Ања Бабуновска и Исидора Николовска.

“Рациновите мугри патот до светлата иднина”

По повод Денот на училиштето СОУ "Гимназија Кочо Рацин”, на ликовниот конкурс на тема “Рациновите мугри патот до светлата иднина”, во категорија на основни училишта- предметна настава, нашите ученици Јана Евтимова од IX 2 одд. освои 2 место и Дарија Трајкова од IX 1 одд. освои 3 место, ментор Снежана Стефановска.

СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ ДИПЛОМИ И БЛАГОДАРНИЦИ ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА СОУ„КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“

На 20.12.2023 г. во мултифункционалната сала на училиштето СОУ „Коле Неделковски“ –Велес, свечено беа доделени дипломите и благодарниците за објавените конкурси и активности кои се одржаа по повод патрониот празник на училиштето СОУ „Коле Неделковски“ од Велес.
-Освоено I место на групата во која учествуваше Антонио Неделков, под менторство на Славица Марковска и освоено III место на групата во која учествуваше Кристијан Димовски, под менторство на Александра Цветкова во квизот по знаење ,,Чекор по чекор со знаење до посветла иднина “.
- Освоено II место за есеј на тема “Bulling And How To Deal With It“ доби ученичката Вероника Таневска, а благодарница за учество земаа ученичките: Дејана Севдинова, Ана Марија Стојановски, Дарија Трајкова, Јана Ефтимова, Јована Димковска и Тамара Мицева.

-Ученичката Вероника Таневска зема учество и во дебатата на англиски јазик.

Ментор: Трајче Новаков.

-I награда освоена на ликовниот конкурс на тема ,,Твојот живот е твоја порака до светот“ за ученичката Даниела Теова. 

Ментор: Снежана Стефановска.

-Благодарница за учество земаа и учениците: Јана Ефтимова, Вероника Таневска и Димитар Кузманов кои учествуваа во кампот по иновации.

Ментор: Соња Савевска.

-Анастасија Ѓорѓиевска освои III место на ликовниот конкурс, а благодарници за учество добија и Бојана Миланова, Каја Самарџиева, Катја Ѓеоѓиевска, Теодора Јанковска, Мила Босилкова и Сашка Митевска сите под менторство на Христина Арилон.

"Инклузија на деца со посебни образовни потреби"

На ден 7.12.2023 год. во ООУ"Блаже Конески" се одржа заедничка работилница во која учествуваа ученици од IV одделение од двете училишта. Работилницата се реализираше како дел од проектот "Инклузија на деца со посебни образовни потреби".
Оваа активност ја реализираа ученици од IV -5 одделение под раководство на наставничката Марјана Самарџиева и координаторите на проектот специјалните едукатори Тања Индова и Сања Ѓорѓиевска.

8ми Декември е ден на кој го славиме св. Климент Охридски, кој заедно со Наум е еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј и продолжувачи на нивното дело. Учениците од I-6 одд. се запознаа со ликот и делото на Св.Климент Охридски и во негова чест составуваа сложувалки со нашата азбука- кирилицата. 
Наставници: 
- Емилија Несторова 
- Лилјана Темелкова


 

"УБАВИНАТА Е ВО РАЗЛИЧНОСТИТЕ"

По повод 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, специјалните едукатори Тања Индова и Сања Ѓорѓиевска и раководителот на паралелката Весна Николова заедно со учениците од VII-4 одделение и образовниот асистент Кристина Александарски реализираа работилница под мотото "УБАВИНАТА Е ВО РАЗЛИЧНОСТИТЕ".

„Ден на лицата со посебни потреби“

На ден 1.12.2023 година во нашето училиште го одбележавме 3-ти декември кој според Еко-календарот е меѓународен „Ден на лицата со посебни потреби“.Овој ден се повеќе и повеќе се актуелизира, се со една цел, да се подигне јавната свест во социјалната средина за прифаќање на различностите како интегрален дел на секојдневното живеење. Сите ние се раѓаме носејќи во себе различни способности но со вдишување на првиот здив се стекнуваме со исти права.Во нашето училиште овој ден го одбележавме со работилница на тема: РАЗЛИЧНОСТИТЕ ГО ПРАВАТ СВЕТОТ ПОСЕБЕН!
Во работилницата учество земаа ученици од предметна и од одделенска настава.Работилницата се состоеше во рецитаторски дел од ученици од литературната секција под менторство на наставничките по македонски јазик Каролина Попова и Бојанка Џипунова-Ташова и сликарска работилница под менторство на наставничката Снежана Стефановска, каде што учениците своите ставови за овој ден, ги претворија во преубави слики.На овој начин даваме мал, но сепак значаен придонес во подобрување на инклузивната култура во целото општество.

Координатори: Милка Андонова и Македонка Грков

„Генералка викенд“

На ден 27.11.2023год ООУ „Васил Главинов“- Велес зема активно учество како дел од проектот „Генералка викенд“ вклучувајќи се во акцијата за пошумување спроведена во близина на езеро Младост

РАЗЛИЧНОСТА НА ЛУЃЕТО ГО ПРАВИ СВЕТОТ ПОБОГАТ

Почитувајќи ја различноста на другите, се почитуваме самите себе си бидејќи и ние за другите сме поинакви.
РАЗЛИЧНОСТА НА ЛУЃЕТО ГО ПРАВИ СВЕТОТ ПОБОГАТ!
По повод 3 Декември- Меѓународен ден на лицата со попреченост учениците од I-1 и I-3 одделение, заедно со наставниците Далиборка Тосева, Маргарита Евтимова и Александар Табаков изведоа активности со пораки за почитување и прифаќање на различностите.

Одбележување на 3-Декември- Меѓународен ден на лицата со попреченост

На 27.11.2023г. по иницијатива на образовниот асистент Силвана Темелковска, а со поддршка на одделенскиот раководител Светлана Стојаноска, учениците од VI-5 од нашето училиште одржаа работилница. На работилницата присутните се запознаа со значењето на овој ден. Преку лични творби, песнички на знаковен јазик и цртежи, достојно беше одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Гостин на работилницата беше г.Драги Коцевски, директор на училиштето, родителите и ученици.

Нашите Велешки Акцијаши дадоа свој придонес кон одржување на животната средина, чиста и убава за живеење и рекреирање.

Зонски натпревари во одбојка во женска конкуренција

На ден 29.11.2023 год. се одиграа Зонски натпревари во одбојка во женска конкуренција. Натпреварите се одиграа во Гевгелија каде што нашето училиште оствари една победа против екипата на ООУ "Владо Кантарџиев" од Гевгелија и пораз од екипата на ООУ "Јосип Броз Тито" од Валандово.

Меѓународна керамичка ликовна работилница на тема ''Екологија''

Денес во просториите на Europe House- Велес, ПOУ „Маца Ѓ. Овчарова“ ја организираше 27 меѓународна керамичка ликовна работилница на тема ''Екологија'' по повод 3 Декември- Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Сите учениците создадоа креативни и оригинални дела преку кои ги пренесоа своите пораки.
Од нашето училиште учествуваа Дарија Трајкова и Тамара Мицева од IX-1 одд. и Билјана Николова од VII-4 одд. заедно со својот образовен асистент Кристина Александарски. Гостин на работилницата беше евроамбасадорот Дејвид Гир кој им ги додели дипломите на учениците за освоените места.Честитки за Дарија Трајкова од IX-1 одд. за освоеното ПРВО место- ментор Снежана Стефановска.

„Штедам паметно- живеам подобро: Инвестирам во својата иднина“

На распишаниот конкурс по повод Светскиот ден на штедењето -31 октомври, Народната банка на Република Македонија од пристигнати над 350 творби ја награди нашата ученичка Даниела Теова од 8 одд. за НАЈДОБРА литературна творба-расказ на тема : „Штедам паметно- живеам подобро: Инвестирам во својата иднина“, под менторство на наставничката по македонски јазик Каролина Попова. Наградата и ја додели заменик министерот за финансии г.Филип Николовски и гувернерката на Народната банка г-ѓа Анита Ангеловска-Бежовска.

Етно креативни работилници

Нашите млади уметници се докажаа и при реализација на проектот Етно креативни работилници за заживување на старите занаети. Учествуваа во грнчарска, столарска, копаничарска работилница, во работилница за накит и работилница за плетење и ткаење. Тие создадоа прекрасни дела кои имаа хуманитарен карактер. Посетителите можеа да ги видат на изложбата во Europe house Veles. Организатор на проектот е НВО "Разбој"- Велес и Здружението на финансиските работници Велес во соработка со Регионалната програма за локална демократија во западен балкан2- RELOAD2, финансирана од ЕУ и УНДП. За успешна соработка му беше доделена благодарница на ООУ ,,Васил Главинов"-Велес.

Патрониот празник на ССОУ „Димитрија Чуповски“ Велес

По повод Патрониот празник на ССОУ „Димитрија Чуповски“ Велес, нашите ученици беа добитници на повеќе награди.
На литературниот конкурс на тема „Имам моќ да го сменам светот“:
Прва награда: Димитар Чоков IX-1 одд. ментор Елена Гуновска
Втора награда: Дарија Трајковска IX-1 одд. ментор Елена Гуновска.
На ликовниот конкурс „Есенски пејзаж“:
Прва награда: Марко Митровски VI-5 одд. ментор Јасна Мијакова.
Трета награда: Христина Крстева IX-1 одд. ментор Снежана Стефановска.
На конкурсот за изработка на дигитален постер на тема ,,Влијанието на ефектот на стаклена градина на планетата Земја":
Прва награда: Јана Евтимова IX-2 одд. ментор Македонка Грков.
Втора награда: Даниела Теова VIII-4 одд. ментор Катерина Најдов.
На конкурс по англиски јазик на тема беше "No place in the world is like the place where you were born and were you grow up" (Ниедно место на светот не е како местото каде што си се родил и каде што растеш):
Прва награда освои Кристина Штерјовска VIII-4 ментор Весна Димитриева.
Втора награда Мила Коцевска VIII -2 одд.- ментор Весна Димитриева.

 

Меѓународната изложба
44 Макинова и 21 Еконова

По повод Меѓународната изложба 44 Макинова и 21 Еконова беа презентирани иновации, пронајдоци, патенти, индустриски дизајн, нови технологии, производи и истражувачки проекти. 
Нашата ученичка Ива Тодороска од VIII-5 одделение се претстави со своите истражувачки и иновативни проекти. На овој голем настан уште еднаш се потврди дека најталентираните умови учат токму во ова училиште. Ива Тодороска се здоби со специјална награда МЛАД ИНОВАТОР од ДЗИС од основно образование и со уште една награда- БРОНЗЕН МЕДАЛ (3 награда) за ЕКОНОВА 2023.

Книжевна работилница
„ЈАЗИКОТ Е ДУШАТА НА НАРОДОТ“

Во рамките на програмата на 56 Детски Рацинови средби во Локалната библиотека ,,Гоце Делчев", се одржа книжевна работилница „ЈАЗИКОТ Е ДУШАТА НА НАРОДОТ“ со роднокрајни автори. На работилницата земаа учество и ученици од нашето училиште, а ученичките Мила Коцевска и Мила Најдовска од 8- 2 одд, под менторство на наставничката Трајанка Стумбова, освоија награди за своите песни.

56ти Детски Рацинови средби

Рацин е голем, а ние мали, но знаеме дека кога ќе пораснеме ќе учиме за ,,Ленка", ,,Татунчо", тешките маки на копачите и тутуноберачите!
56ти Детски Рацинови средби и второ место за I-6 одд. за литературно- ликовна творба на тема ,,Да му го земеш јазикот на народот, значи да му ја земеш душата".
Ментори: Емилија Несторова и Лилјана Темелкова.

Забавна Атлетска Детска трка по повод 9ти Ноември

56 Детски Рацинови средби

56 Детски Рацинови средби и двоен успех за ученичката Даниела Теова VIII 4 одд.
I место на ликовниот конкурс во категорија основни училишта, ментор Снежана Стефановска и III место на литературниот конкурс, ментор Каролинa Попова.

56 Детски Рацинови средби и ново искуство на нашите уметници од посетата на грнчарската работилница

,,Месец на книгата"

По повод ,,Месецот на книгата", учениците од петто одделение денес ја посетија Локална библиотека ,,Гоце Делчев" Велес.
Учениците се запознаа со работата на библиотеката, книжниот фонд за деца и начинот на позајмување. Се потенцираше значењето на читањето на книги врз развојот на децата.

Општински училишни лиги во одбојка во женска и машка конкуренција

Во организација на училишен спорт се одржаа Општински училишни лиги во одбојка во женска и машка конкуренција 8/ 9то одд. за основни училишта во Општина Велес. Натпреварите се одиграа во два дена и тоа на 31.01.2023 и 02.11.2023год. во спортска сала Гемиџии. Нашето училиште Учествуваше со 3 екипи. Победник на лигата во женска конкуренција е е тимот на ООУ “Васил Главинов“ 2 предводена од ментор Милан Радевски, второто место го освои тимот ООУ “Васил Главинов“ 1 ментор Весна Николова. Во машка конкуренција го освоивме второто место.Честитки за победниците, им посакуваме успеси во понатамошните натпревари.

Општински натпревари по одбојка

На ден 31.10.2023 и 02.11.2023 се одиграа општински натпревари - Одбојка во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија. Нашата втора екипа оствари максимални победи и се пласираше во понатамошни натпреварувања. ООУ Васил Главинов (2) - ООУ Васил Главинов (1) 2-0 во сетови. ООУ Васил Главинов (2) - ООУ Блаже Конески 2-1 во сетови. ООУ Васил Главинов (2) - ООУ Кирил и Методиј 2-0 во сетови.

31ви октомври - Светски ден на штедењето

Во нашето училиште беа претставници од УНИ Банка кои на учениците од I-6 одд. им одржаа презентација за тоа зошто е важно штедењето и како може да се штеди уште од најрана возраст.Учениците од II одд. беа во просториите на Стопанска банка каде се запознаа со начините на детското штедење и имаа можност да им постават прашања на вработените.

ООУ „Васил Главинов“ Велес повторно се гордее со своите ученици и нивните достигнувања. Нашата Изабела Димкова беше дел од театарската група „Словото“ кои блеснаа со својот талент на меѓународен фестивал во Сардинија со претставата „Така било пишано“

"НИВНАТА ПОСЕБНОСТ - НАША ОДГОВОРНОСТ"

На 30.10.2023 год. во ООУ "Васил Главинов" се одржа форум театар под мотото "НИВНАТА ПОСЕБНОСТ - НАША ОДГОВОРНОСТ".
Форум театарот беше во изведба на учениците Марио Ѓелев, Даниела Теова, Мила Симоновска, Вања Крстевска, Ива Тодороска, Изабела Димков, Јована Јордановска, Вероника Ѓошова и Вера Перчинковска под менторство на наставничката по македонски јазик Каролина Попова.
Овој настан се реализира во рамките на проектот "Инклузија на деца со посебни образовни потреби" во кој е вклучено нашето училиште. Настанот беше од хуманитарен карактер чијашто цел е подобрување на условите во мини фискултурната сала, со што ќе се овозможи реализирање на наставата по физичко и здравствено образование во адекватни и современи услови.
Координатори на проектот
Тања Индова
Сања Ѓорѓиевска

Активности по повод
16 Октомври- Светски ден на храната и борба против гладот

Еко – хуманитарна акција
„Подај рака“

По повод 1 октомври, Меѓународниот ден на старите лица, нашето училиште организираше еко – хуманитарна акција „Подај рака“. Од учениците и нивните родители беа собрани голем број на кондиторски производи и средства за хигиена коишто беа поделени од нашите ученици. Акцијата се одвиваше со соработка со Црвен крст – Велес.„Подај рака“ – изнуди насмевска и пружи мала, но голема помош!

Активности по повод Детска недела и Светскиот ден на учителот

Свечена приредба под наслов: "За сите деца" по повод приемот на првачињата во Детската организација

Денес во нашето училиште ООУ "Васил Главинов" беше одржана свечена приредба под наслов: "За сите деца" по повод приемот на првачињата во Детската организација, како дел од активностите од "Детската недела" која оваа година беше под мотото "Јас и светот околу мене". Со весели и насмеани лица, првачињата дадоа заклетва и станаа дел од големото семејство на ученици.

Ликовен конкурс

По повод 5ти Октомври, Светскиот ден на учителот, Здружението на одделенски наставници ЗОН учител, организираше ликовен конкурс на тема ,,Мојот учител - моја инспирација ".
Ученичката Дона Марковска од I-6 одд .со својот цртеж, освои прва награда. 
Ментори:
Емилија Несторова
Тања Зарева

Европски Училишен Спортски Ден 

Во рамките на одбележување на Европски Училишен Спортски Ден 2023, нашето училиште учествуваше со 10 ученика од 7мо одделение под менторство на наставник Весна Николова.

Први септември

Први септември - ден кога училишното ѕвоно го најавува првиот час, почетокот на година на нови сознанија, искуства, другарства...
За нашите првачиња, посебен ден, ден кој го означува почетокот на едно ново, најзначајно поглавје.
Во нивна чест, приредивме свечен прием со неколку точки кој ги подготвија нивните поголеми другарчиња од VI одд.
На свеченоста бевме почестени со присуството на градоначалникот г-н Марко Колев. Директорот на училиштето од свое лично име и од името на сиот наставен кадар на ООУ ,,Васил Главинов" им посака топло добредојде на првачињата и успешна учебна година на сите ученици.

УЧИЛИШТЕ

ВО КОЕ СИТЕ УЧАТ

ООУ ВАСИЛ ГЛАВИНОВ

Училиште во кое сите учат

ВЕЛЕС

bottom of page